Фудбал
Французинот Диавара во Милан до 2031
Францускиот дефанзивец Санкун Диавара потпиша денеска петгодишен договор со Милан и ќе остане во редовите на италијанскиот фудбалски гигант до јули 2031 година.
„Стоперот Диавара комбинира технички квалитет, физичка сила и силен карактер. Овие квалитети го прават исклучително надежен талент кој веќе се докажа на професионално ниво во Франција и е подготвен да го продолжи својот развој во црвено-црниот дрес“, соопшти попладнево Милан.
Дваесетгодишниот Диавара дојде во Милан од Троа, каде беше еден од клучните играчи во тимот што минатата сезона ја освои титулата во втората француска лига и се врати во Лига 1.
Финансиските детали од договорот не се обелоденети, а италијанските медиуми објавија дека Милан платил обесштетување од три милиони евра.
Диавара е третото засилување во редовите на Милан ова лето, по доаѓањето на Гонзало Рамос од ПСЖ и Марио Хил од Лацио

