Connect with us

Фудбал

Реал со рекорден профит во сезоната без трофеј

Шпанскиот фудбалски великан Реал Мадрид оствари рекордни 1,221 милијарди евра приходи во сезоната 2025/26, и покрај тоа што не успеа да освои ниту еден трофеј.

„Оперативните приходи, без приходите од трансфери на играчи, достигнаа 1,221 милијарди евра, што е зголемување од 3,1 отсто во однос на претходната финансиска година“, се вели во соопштението на клубот.

Реал Мадрид со тоа првпат ја надмина границата од 1,2 милијарди евра приходи, остварување што ниедна спортска организација во светот досега не го постигнала.

Клубот, исто така, објави нето добивка од 26 милиони евра, што е зголемување од осум отсто во однос на сезоната 2024/25.

За одличните финансиски резултати значително придонесоа повисоките приходи од реновираниот стадион „Сантијаго Бернабеу“, кои се зголемија за 11 отсто на 363 милиони евра, како и новите спонзорски партнерства.

Реал го назначи Жозе Мурињо за свој нов тренер во јуни, наследувајќи го Алваро Арбело, а првиот тим е зајакнат со играчи како Бернардо Силва и Марко Кукуреља.

Според медиумските извештаи, Реал веќе има начелен договор за доведување на крилниот напаѓач Јан Диоманде од РБ Лајпциг, додека играчот од средниот ред на Манчестер Сити – Родри, според медиумските шпекулации, исто така, е цел на „Кралскиот клуб“.