Хроника
Кривична пријава против поранешниот директор на училиштето „Лирија“
СВР Велес до Основното јавно обвинителство поднесе кривична пријава против 59-годишниот Ј.А. од село Горно Јаболчиште, Општина Чашка, поранешен директор на ООУ „Лирија“ поради постоење основи за сомнение дека сторил кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“ по член 353 став од Кривичниот законик.
Ј.А., во својство на директор во општинско основно училиште во 2023 година постапил спротивно на член 40 став 6 од Закон за јавни набавки, односно, и покрај донесениот годишен план за јавни набавки, извршил исплати кон шест правни лица без да склучи договори за меѓусебна соработка и да спроведе постапки зајавни набавки на стоки и услуги. На тој начин причинил штета на буџетот на училиштето во износ од 850.823 денари, информираат попладнево од СВР Велес.
јули 27, 2026
