Connect with us

Сервисни информации

И вториот примерок од водата во Крушево е исправен, забраната за пиење и за домашна употреба останува

И вториот примерок на водата во Крушево што го анализираше Центарт за јавно здравје во Прилеп е негативен и покажа дека водата во Крушево е исправна, но останува забраната за нејзина употреба за пиење и за домашна употреба, затоа што мора да се чекаат резултатите и од третиот земен примерок кои се очекуваат во текот на утрешниот ден. 

– И вториот, како и првиот примерок, покажа дека водата во Крушево сега е исправна и има соодветен резидуален хлор. Меѓутоа, тоа не ја симнува забраната за употреба од Агенцијата за храна и ветеринарство. Потребно е да се почекаат резултатите од третиот земен примерок, а ги очекуваме во текот на утрешниот ден, за да се констатира исправност на водата во Крушево, рече Горан Кузески, директор на Центарот за јавно здравје – Прилеп.

Во саботата стигнаа резултатите од првиот земен примерок по забраната за употреба на водата, кој исто така, беше негативен, односно покажа дека водата е исправна од соодветното мерно место. 

Прилепскиот Центар за јавно здравје минатиот понеделник, на 20 јули, зеде примерок за анализа на водата во Крушево. Покажа дека е бактериолошки неисправна и Агенцијата за храна и ветеринарство веднаш забрани употреба на водата за пиење и за домашни потреби, освен само како техничка вода. Крушевчани се снаоѓаат како знаат и умеат, од друга изворска вода и од пакувана за пиење. 

За да се симне забраната за употреба потребно е три последователни примероци да покажат дека водата е исправна. Конечните резултати се очекуваат во текот на утрешниот ден.