Connect with us

Хроника

Во Охрид притворен словенечки државјанин поради физичко насилство врз неговата девојка

Притвор бил одреден за словенечки државјанин, кој ја нападнал неговата девојката за време на престој во Охрид.

Како што соопштија денеска од Министерството за внатрешни работи, вчера пред казино во градот, полициски службеници од СВР – Охрид го лишиле од слобода К.Г., на возраст од 28 години од Словенија. Тие постапиле по претходна пријава дека, во станот во кој престојувале во Охрид, тој агресивно се однесувал и физички ја нападнал неговата 21-годишна девојка.

– Од Основен суд – Охрид му била определена мерка притвор во траење од осум дена и бил спроведен во Казнено – поправната установа „Затвор – Охрид“ за издржување на мерката – информираа од МВР.