Connect with us

Сервисни информации

На Пелистер падна снег

Денеска на планината Баба, на врвот Пелистер (2.601 м.н.в) падна снег, информираа од ЈУ национален парк „Пелистер“.

Од јавната установа потврдија дека промнеливото време и ниската температура, дождот го претворија во снег, со што како што велат Пелистер како крал на планините во Македонија и понатаму е непредвидлив и моќен.

Фотографијата е на вработените од пунктот на Националната радиодифузија на врв Пелистер, посочија од ЈУ НП „Пелистер“-Битола.

Инаку во Битола вчера во 17 часот беа измерени 26 степени целзиусови степени, а денеска во истото време, во 17 часот измерени се само 12 степени и температурата на воздухот е во опаѓање.