Connect with us

Сервисни информации

Во Крушево водата е бактериолошки неисправна, да се пие само пакувана

Крушевското јавно комунално претпријатие „Комуна“ со препорака до жителите на Крушево за пиење да користат пакувана вода, а не да ја пијат водата од градскиот водовод. 

Ова, како што соопштуваат од претпријатието на своја Фејсбук страница, е по известувањето на прилепскиот Центар за јавно здравје дека водата за пиење во Крушево е бактериолошки неисправа. 

– На жителите на град Крушево им се препорачува за пиење да користат пакувана вода, додека водата од Градскиот водовод, како вода за лична хигиена, приготвување на храна, перење и миење садови може да ја користат само по превривање од најмалку 10 минути. Исто така ,ЈП „Комуна“- Крушево ве информира дека се врши редовно хлорирање на водата и секојдневно се врши контрола на присуството на хлор – стои во соопштението на ЈКП „Комуна“ од Крушево.

Препораките важат се до добивање на три последователни исправни примероци од водата. 

ЦЈЗ Прилеп ќе биде во постојана комуникација со надлежните институции и ќе ги информира жителите на град Крушево.

Исто така, при испитувањето на крајпатните чешми: Бензиска пумпа и Св. Петка, земени на 20 јули е констатирана бактериолошка неисправност и водата од тие чешми не смее да се корист како вода за пиење.