Connect with us

Кошарка

Бостон отворен за понуди за Браун

По неуспешниот обид на Бостон да го вклучи Џејлен Браун во размената на Јанис Антетокумпо, Селтикс почнаа да разгледуваат можни понуди за еден од нивните водечки играчи, објави инсајдерот Шамс Чаранија.

– Од синоќа, Селтиксите се отворени да слушнат од заинтересирани тимови и понуди за Џејлен Браун. Не би рекол дека активно бараат размена во моментов, но се отворени за дијалог. Неколку тимови веќе почнаа да контактираат и да разговараат со Селтикс. Ова не значи дека размената е сигурна. Браун има уште три години од договорот и ќе има право на продолжување во јули. Ќе видиме што ќе се случи. Но, фактот дека ги слушаат понудите укажува дека треба да се донесе одлука, забележа Чаранија.

Инсајдерот не прецизираше конкретни клубови, но Браун претходно беше поврзуван со интерес од Хјустон, Атланта и Портланд.

Ad
Ad