Connect with us

Кошарка

Медиуми: Ламело Бол се сели во Минесота

Бројни американски медиуми објавија денеска дека е договорена размена на кошаркари на релација Шарлот – Минесота според која еден од најдобрите играчи во НБА лигата, 24-годишниот Ламело Бол од следната сезона ќе го носи дресот на Минесота.

Според медиумските извештаи, Шарлот, наводно, поради финансиски обврски се откажал од својот најдобар кошаркар Бол, кој заедно со Австралиецот Џош Грин треба да се пресели во Минесота.

Во спротивна насока се сели 26-годишноиот Наз Рид, кој долги години настапуваше за Минесота.

Минатата сезона Бол имаше просек од 20.1 поени, 7.1 асистенции и 4.8 скокови по натпревар, што беше послаб ефект од сезона претходно кога просечно постигнуваше 25.2 поени по натпревар. 

Ad
Ad