Кошарка
Вембањама: Ова е најголемата лекција во мојот живот
Кошаркарот на Сан Антонио, Виктор Вембањама, изјави оти поразот од Њујорк Никс во финалната серија во НБА лигата била најголемата лекција во неговиот живот.
„Ова е најголемата лекција во мојот живот, најголемиот момент на учење. Учам повеќе од кога било во мојот живот“, рече 22-годишниот Вембањама.
Сан Антонио остана без шампионската титула, откако загуби од Њујорк во финалната серија до четири победи со 1-4.
Њујорк утрово триумфираше во петтиот натпревар на гостински терен со 94:90 и со тоа ја освои првата титула од 1973 година.
„Периодите на наша доминација се апсолутни. Целосно доминиравме во поголемиот дел од серијата. Но, нашите грешки се казнуваа толку сурово што не смеевме да си дозволиме да имаме вакви подеми и падови … Подемите се во ред. Падовите се причината зошто загубивме“, рече Вембањама.
Францускиот кошаркар имаше просек од 26 поени, 11,2 скокови и 3,6 блокади по натпревар во финалната серија против Њујорк.
јуни 14, 2026


