Connect with us

Кошарка

Наваро официјално нов тренер на кошаркарите на Црвена Ѕвезда

Шпанскиот кошаркарски стратег Ибон Наваро е нов тренер на Црвена Ѕвезда, објави денеска белградскиот клуб.
Наваро седнува на клупата на клубот од Белград од шпанска Уникаха, со која освои седум трофеи.
Под негово водство, клубот од Малага освои две титули во Лигата на шампионите на ФИБА, два Интерконтинентални купа, два Кралски купа и Суперкупот на Шпанија.
Педесетгодишниот Наваро на тренерското место во Црвена Ѕвезда доаѓа по заминувањето на Саша Обрадовиќ.

Ad
Ad