Connect with us

Фудбал

Леао и Роман исклучени по меѓусебно кошкање на натпреварот Португалија – Чиле

Двајца играчи беа исклучени кон крајот на првото полувреме од пријателскиот натпревар помеѓу Португалија и Чиле. За време на расправијата, Португалецот Рафаел Леао го удри Чилеанецот Иван Роман во лицето. Двајцата играчи добија црвени картони.

Натпреварот се одигра на „Естадио Национал до Хамор“ во Лисабон, Португалија и заврши со победа на домаќините со 2:1.

Португалија ќе се натпреварува на Светското првенство во 2026 година во САД, Канада и Мексико. Тимот е во истата група со ДР Конго, Узбекистан и Колумбија.

Чиле не успеа да се квалификува за Мундијалот.

Ad
Ad