Connect with us

Фудбал

Бразилецот Весли се повреди пред СП 2026

Бразилскиот одбранбен фудбалер Весли се повреди на пријателскиот натпревар против Египет (2:1).

Натпреварот се одигра ноќеска во Кливленд. Дваесет и двегодишниот фудбалер го напушти теренот поради повреда во 17. минута.

Селекторот на Бразил, Карло Анчелоти, истакна дека националниот тим би можел да го замени Весли доколку повредата го спречи да игра на Светското првенство.

-Штета е што го загубивме Весли. Сега мора да почекаме на резултатите од неговиот преглед. Имаме добри играчи да го заменат, го цитираше новинарот Фабрицио Романо, Анчелоти.

Репрезентацијата на Бразил за Светското првенство во 2026 година е во групата Ц, каде што ќе се соочат со Мароко, Хаити и Шкотска

Ad
Ad