Фудбал
Енди Робертсон прво засилување на Тотенхем
Шкотскиот фудбалски репрезентативец Енди Робертсон (32) потпиша денеска договор со Тотенхем, во чиј редови се пресели без обесштетување откако му истече договорот со Ливерпул.
Лондонскиот клуб не ја прецизираше временската рамка на договорот со Робертсон.
„Со години му се восхитувам на Робертсон, тој ќе донесе квалитет, искуство и лидерство во нашиот тим“, изјави тренерот на Тотенхем, Роберто Де Зерби, додека спортскиот директор Јохан Ланге истакна дека тој е еден од најдобрите леви бекови во историјата на Премиер лигата.
За девет години колку што настапуваше за Ливерпул, репрезентативецот на Шкотска беше двапати шампион на Англија, го освои ФА Купот, како и Лигата на шампиони во 2019 година. Постигна 14 голови и додаде 69 асистенции.
јуни 6, 2026

