Фудбал
Нејмар и натаму на листата на повредени
Бразилскиот репрезентативец Нејмар и натаму има проблем со повредата и нема да биде на располагање на селекторот Карло Анчелоти. Бразил пријателски натпревар со Египет ќе одигра во сабота во Кливленд, а Нејмар ќе остане во тренинг кампот во Њу Џерси.
Нејмар нема да патува со репрезентацијата во Кливленд. Воедно ќе продолжи со физикална терапија и ќе ја зголемува програмата за заздравување, се наведува во соопштението на бразилската федерација.
Во стручниот штаб на Бразил очекуваат Нејмар да биде подготвен за првиот натпревар на 13. јуни против Мароко.
Петкратниот светски првак Бразил на Мундијалот ќе игра во групата Ц заедно со репрезентациите на Хаити, Мароко и Шкотска.
јуни 6, 2026


