Connect with us

Фудбал

Ливерпул се подготвува за ново засилување

Повеќекратниот првак на Англија, Ливерпул го обезбеди новиот менаџер Андони Ираола, а управата на клубот прави напори и за новите засилувања. Според информациите од Англија и Германија „црвените“ имаат за приоритет да го донесат крилниот играч на Лајпциг, Јан Диоманде.

Репрезентативецот на Брегот на Слоновата коска е еден од најталентираните играчи од нападот. Ливерпул веќе е во контакт со Лајпциг. Официјална понуда сè уште не е доставена, но целта е договор побрзо да биде постигнат.

Интерес за Диоманде има и од европскиот првак ПСЖ, кои преговори се во тек.

Ливерпул е подготвен да ги плати и бараните 120 милиони евра, кои според германските медиуми ги бара германскиот клуб.

Ad
Ad