Connect with us

Фудбал

Фудбалерките на Скопје на доминантен начин до шампионската титула

На крајот од сезоната во двете конкуренции во Фудбалското првенство во женска конкуренција беа доделени трофеите за двете најдобри екипи. Шампионската титула во ЖФЛ ја освои ЖФК Скопје кој првенството го заврши со 69 бода, 12 повеќе од најблискиот конкурент ЖФК Тиверија Брера.

Елитното фудбалско друштво го напушта Топ Гол, а од следната сезона дел од Првата лига ќе биде ЖФК Конзули од Битола.

За пополнување на уште едно место во ЖФЛ преку бараж ќе решаваат ЖФК Кочани и ЖФК Билјанини Извори што ќе се одигра утре на стадионот во Ѓорче Петров.

Најефикасна фудбалерка во сезоната беше Ана Димитровска од ЖФК Каменица Саса која постигна 35 гола, 12 повеќе од Радица Чонева од ЖФК Истатов додека трета на листата на стрелци е Рабија Дервиши со ЖФК Скопје со 20 погодоци.

Доминацијата во македонскиот женски фудбал, Скопје ја потврди со освојување на шампионските титули во младинска и кадетска конкуренција.

Маркетинг
Ad 1
Ad 1