Connect with us

Свет

Во Колумбија, по речиси еден ден, заврши заложничката криза без жртви

Сите заложници, кои речиси цел ден беа држени во супермаркет во Картахена, се ослободени, изјави претседателот на Колумбија, Абелардо де ла Есприела.

– Во исклучителна заедничка операција на националната полиција и армијата, сите заложници се спасени, објави Есприела на платформата Икс.

Тој киднаперите ги опиша мажите како „обични криминалци“ кои побегнале во супермаркетот по неуспешниот обид да ограбат оклопно возило за транспорт на пари.

Вооружени и маскирани мажи влегоа во супермаркетот и првично држеа 30 луѓе како заложници, но подоцна ослободија најмалку петмина, меѓу кои и постари жени.

Картахена е една од главните туристички дестинации во Колумбија.

Градот, кој има еден милион жители, е познат по добро зачуваната архитектура од 18-тиот век и масивните камени ѕидини, кои првично биле изградени како одбрана од пиратски напади.

Ad
Ad