Connect with us

Сервисни информации

Водата за пиење во Скопје е безбедна, покажува неделниот извештај на ЈП „Водовод и канализација“

ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје го објави неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење во главниот град, според кој сите испитани примероци одговараат на пропишаните стандарди.

Во периодот од 9 до 13 ноември 2026 година, Секторот за санитарна контрола зел вкупно 400 примероци на вода за пиење од 51 мерно место на територијата на Град Скопје. Од вкупниот број примероци, 200 биле наменети за физичко-хемиска, а 200 за микробиолошка анализа.

Согласно добиените резултати од спроведените испитувања, сите анализирани примероци одговараат на барањата утврдени со Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење.

Ad
Ad