Connect with us

Вести

Мицкоски и Муцунски во дводневна посета на Брисел, ќе учествуваат на Форумот за проширување на ЕУ

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, заедно со министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од денеска е во дводневна работна посета на Брисел, каде што ќе учествува на Форумот за проширување на Европската Унија, во организација на Европската комисија.

На Форумот, како што соопшти владината прес-служба, ќе учествуваат еврокомесарката Марта Кос, претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, како и претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта.

Мицкоски ќе учествува на панел-дискусијата „Проширување што испорачува: реформи, инвестиции и раст“.

Во рамките на посетата на Брисел, Мицкоски оствари средба и со Герт Јан Копман, генералниот директор на Генералниот директорат за проширување и источно соседство, оддел на Европската комисија одговорен за управување со процесот на проширување на Европската Унија и политиките за источното соседство.

Ad
Ad