Connect with us

Вести

Николоски на 23. виенски економски форум, во фокусот економските политики и предизвиците на регионот

Заменик-претседателот на Владата, Александар Николоски, e во работа посета на Виена, Австрија, каде што учествува на 23. виенски економски форум.

Годинешното издание на Форумот се одржува со мотото „Виенски дијалог за иднината 2026 – заедничка визија за заедничка иднина, стратешки предизвици“, со фокус на регионалната економска соработка, европската интеграција и стратешките предизвици.

Во рамките на Форумот е предвидено обраќање на вицепремиерот Николоски на панел-сесијата „Заедничка визија за долгорочна економска соработка“, на која ќе се осврне на економските политики и соработката со земјите од регионот. Николоски ќе зборува и за стратешките инфраструктурни проекти, кои се градат во државата. 

На Форумот предвидено е учество на членови на бордот на Виенскиот економски форум, министри од земјите од Западен Балкан, претставници од ЕУ, како и високи претставници на меѓународни финансиски институции.   

Покрај промоцијата на регионалните економски политики и соработка, на Форумот ќе се разговара и за предизвиците и проширувањето на ЕУ.

Виенскиот економски форум „Виенски дијалог за иднината 2026“ е официјално признат од Европската комисија во рамките на глобалниот настан на „Форумот за проширување на ЕУ 2026“.

Целта на Виенскиот економски форум е промоција на развојот на регионалната економија од Јадранското до Црното Море и пошироко како составен дел од европската и глобалната економија и нивно залагање за регионална економска соработка, европска интеграција и остварување на заедничките европски вредности во целиот регион.

Ad
Ad