Connect with us

Вести

МВР му поднесе кривична пријава на Кристијан Корабоски кој брутално ја претепа неговата девојка и ја фрли од кола

Поднесена е кривична пријава против насилникот од Охрид, кој си ја претепа девојката и ѝ нанесе тешки телесни повреди – соопштија денеска од Министерството за внатрешни работи.

– СВР Охрид поднесе кривична пријава против К. К. на возраст од 31 година од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело тешка телесна повреда по член 131 став 3 од Кривичниот законик. На 15 ноември околу два часот, по претходна расправија, која почнала во неговиот дом, а продолжила во неговиот автомобил, пријавениот во возилото физички ја нападнал својата 26-годишна девојка од Охридско. И откога го сопрел возилото, продолжил со нападот, при што девојката изгубила свест и паднала по што била пренесена во Општата болница во Охрид, а потоа и во болницата „Свети Еразмо“ во Охрид, каде што ѝ биле констатирани тешки телесни повреди – информираа од МВР.

Биле преземени мерки и набргу по настанот, во 5.05 часот, К. К. бил лишен од слобода и задржан во полициска станица. Додека, по барање на ОЈО, Основниот суд во Охрид донел решение и му изрекол мерки на претпазливост.

– Во врска со настанот, вчера, во 8.50 часот. во СВР Охрид, Љ. К., на возраст од 51 година од Охрид, мајка на К. К., пријави дека Љ .Ѓ., 49-годишно лице, татко на девојката, на мобилен телефон упатил закани до син ѝ К. К. и до целото семејство по што истиот ден во 13.20 часот во Охрид и тој е лишен од слобода и задржан во полициска станица. Против него исто така ќе биде поднесен соодветен поднесок – додадоа од МВР.

Ad
Ad