Connect with us

Свет

Најмалку две лица загинаа, 17 се повредени при уривање на зграда во Бруклин

Најмалку две лица загинаа, а 17 се повредени, меѓу кои и седум деца, откако зграда се урна во њујоршката населба Бруклин, јави ДПА, повикувајќи се на локалните власти.

Комесарката на противпожарната служба во Њујорк, Лилијан Бонсињоре, изјави дека спасувачката операција ќе трае подолго и дека во тек е истрага за утврдување на причините за уривањето.

Зградата се урнала врз соседно градилиште, а потрагата и спасувањето се „исклучително сложени“, посочи Бонсињоре.

Градоначалникот на Њујорк, Зохран Мамдани, на социјалната мрежа Икс објави дека го посетил местото на несреќата.

„Сакам да им се заблагодарам на екипите за итна помош, кои пристигнаа за помалку од една минута и со часови работеа во опасни и технички сложени услови за да ги спасат жителите на Њујорк. Нивната храброст и посветеност се исклучителни“, напиша Мамдани.

Тој додаде дека спасувачката операција сè уште трае и дека на терен се стотици спасувачи, а информациите постојано се ажурираат. 

Ad
Ad