Свет
Сибига: Украинското разузнавање има податоци за планови на Русија за напади врз земји од ЕУ
Украинското разузнавање и неговите партнерски разузнавачки служби имаат податоци за конкретни планови на Русија за напади врз земји од Европската Унија, изјави украинскиот министер за надворешни работи, Андриј Сибига.
Според него, Европа треба да се подготви за можни напади, при што спречувањето на таквите напади треба да биде приоритет.
Сибига пред медиумите оцени дека Русија се обидува да ја прекине или намали поддршката за Украина со создавање висок степен на ризик и притисок преку операции во европски земји.
Шефот на украинската дипломатија исто така рече дека Европа веќе е во војна со Русија, без оглед на тоа како се обидува да се увери во спротивното, и оти и Русија на ситуацијата гледа на ист начин.
Тој истакна дека руските операции во европските земји го надминале нивото на хибридна војна и сега претставуваат акти на саботажа и субверзија.
октомври 3, 2026
