Свет
Путин: Украинските напади за време на изборите во Русија го отежнаа продолжувањето на мировните преговори
Рускиот претседател, Владимир Путин, изјави дека со нападите со дронови за време на изборите во Русија, Украина го отежнала продолжувањето на мировните преговори.
Москва била подготвена да ги продолжи преговорите за Украина на 21 септември, ден по изборите за Државната дума, рече Путин на состанокот на Клубот „Валдај“ во Москва.
Според рускиот претседател, Москва била цел на повеќе од 1.600 напади со дронови, а напади непрекинато биле изведувани и врз избирачки места во други делови на Русија.
Путин рече дека Украина очекувала нападите да предизвикаат распад на руското општество, но, според него, таквата проценка се покажала како погрешна.
„Русија и натаму е подготвена да ги започне преговорите и што побрзо да ги заврши“, истакна Путин, додавајќи дека преговорите мора да се водат под услови прифатливи и за Русија и за рускиот народ.
Киев, неговите западни сојузници и меѓународните набљудувачи, сепак, се сомневаат во искреноста на Москва кога станува збор за нејзината подготвеност за преговори, објави агенцијата ДПА, потсетувајќи дека Украина од февруари 2022 година се брани од руска инвазија.
октомври 3, 2026
