Свет
Големиот германски синџир стоковни куќи „Галерија“ повторно поднесе барање за стечај
Познатиот германски синџир стоковни куќи „Галерија“ (Galeria), кој вработува околу 12.000 луѓе, поднесе барање за стечај по четврти пат во изминатите шест години.
Деловните операции во 83-те подружници засега продолжуваат да функционираат, соопштија од компанијата за ДПА.
Од „Галерија“ соопштија дека барањето има за цел да создаде правна рамка за стабилизација на компанијата и создавање услови за одржлива иднина. Сè уште е неизвесно дали како резултат на стечајната постапка ќе мора да се затворат некои од подружниците.
Ова е четврт стечај за „Галерија“ во период од шест години, по претходните постапки почнати во 2020, 2022 и 2024 година. Како резултат на претходните стечајни процеси беа затворени бројни продажни објекти.
Кредиторите претходно се откажаа од побарувања вредни милијарди евра за да му овозможат на синџирот стоковни куќи да најде излез од кризата.
октомври 3, 2026
