Хроника
Опожарен багер „волво“ и пожар во стан на „Воденска“, девојче со возило пренесено на Клинички
Девојче поради вдишување чад во пожар во стан на улицата „Воденска“ во Скопје било пренесено на Клиничкиот центар во Скопје. Настанот, информира Министерството за внатрешни работи, бил пријавен вчера во 10:24 часот во СВР – Скопје.
-Екипа од Бригадата за противпожарна заштита – Скопје го изгасила пожарот, а поради вдишување на чад, 11-годишна малолетничка со возило на Итна медицинска помош била пренесена во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ – Скопје за укажување на лекарска помош – соопшти МВР.
Синоќа, пак, е пријавен пожар на багер во скопско Арачиново.
– Денеска во 2:36 часот во СВР – Скопје е пријавено дека на улицата 1 во скопско Арачиново, опожарен бил багер „волво“, сопственост на Ф.Б. од скопско Батинци. Нема повредени лица, а пожарот е изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот – појаснија од МВР.
октомври 1, 2026
