Свет
Ел Мансури е првата жена премиер на Мароко
Кралот на Мароко, Мохамед Шести вчера и додели мандат за формирање на влада на Фатима Езахра ел Мансури, откако нејзината либерално центристричка Партија за автентичност и модерност (ПАМ) победи на парламентарните избори што се одржаа на 23 септември.
Ел Мансури е првата жена што ќе ја предводи мароканската влада, а претходно беше прва првата жена градоначалник на Маракеш, а исто така ја извршуваше функцијата министер за национално планирање, урбанизам, домување и градска политика.
Парламентарните избори во Мароко се одржаа помалку од два месеца по мигрантската криза во Сеута, која повторно го сврте вниманието на јавноста кон незадоволството на младите Мароканци.
Минатата година, на социјалните мрежи се појави организација наречена Генерација Зет 212, формирана од анонимни лица, која организираше речиси секојдневни протести барајќи подобри услуги во образованието и здравството.
Ел Мансури е родена во 1976 година во Маракеш и по професија е правник. Таа е омажена и е мајка на две деца. Во политиката влегува кога се придружи на Движењето на сите демократи, формирано од кралскиот советник Фуад Али ел Хима. Од Движењето подоцна произлезе Партијата за автентичност и модрност.
Таа во 2009 година, на 33 години стана прва жена градоначалник на Маракеш.
За нејзиниот премиерски мандат, Мароко ќе биде коорганизатор на Светското првенство во фудбал во 2030 година. Таа исто така се соочува со планот за автономија на спорната територија Западна Сахара.
ПАМ е противтежа на исламистичката Партија на правдата и развојот (ПЈД), која се залага за модернизација и секуларизација на Мароко.
Мароко е уставна монархија, во која кралот има големи ингеренции во надворешната политика, одбраната и другите клучни ресори
октомври 1, 2026
