Connect with us

Вести

Мицкоски: Кога од СДС ќе обвинуваат за масовна делегација, ќе потсетам дека со владите на Заев и Ковачевски оделе по 50-ина луѓе, но без резултати

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, ги отфрли обвинувањата од СДСМ за бројноста на владината делегација во Њујорк посочувајќи дека токму во времето на владите на СДСМ и ДУИ делегациите биле многу помногубројни.

Премиерот во вчерашното интервју во емисијата „Под лупа“ на ТВ „Алфа“ рече дека „кога од СДС ќе обвинуваат за масовна делегација, ќе потсетам дека со владите на Заев и Ковачевски оделе по 50-ина луѓе, но без резултати“.

– Тоа е Фројд, бидејќи тие оделе така, и сега мислат дека сите одат така. Во Владата на СДС и ДУИ првпат на еден настан на Генералното собрание се појавија тогаш и претседателот и премиерот – ако се сеќавате, кога отидоа и Стево Пендаровски и Димитар Ковачевски. Тогаш можеби броеле делегациите 50 луѓе. Инаку, не, таман работа! Какви 50 луѓе, не станува збор за такво нешто. Многу помалку од оваа бројка, можеби помалку од половина од оваа бројка. Но, како и да е, тоа е сериозен настан – еден таков во годината што се одржува – и се разбира дека е потребна логистика и има повеќе настани на кои повеќе луѓе треба да бидат присутни. На една група настани беше министерот Сали, на друга беше министерот Муцунски, паралелно со ова се одвиваа и економски настани настрана од Генералното собрание на Обединетите нации, па дојде и министерката за финансии – рече Мицкоски