Фудбал
Мекалистер се надева дека ќе остане во Ливерпул по истекот на договорот
Фудбалерот од средниот ред на Ливерпул, Алексис Мекалистер, зборуваше за неговата договорна ситуација со англискиот клуб и изрази надеж дека ќе остане во тимот.
– Сè уште нема конечна одлука. Ми остануваат уште две години од договорот. Ќе дадам сè од себе. Многу работи можат да се случат во тој период и има многу опции. Се надевам дека ќе останам тука уште неколку години. Но, ако се само две години, ќе морам да ги уживам со моето семејство, бидејќи не се сомневам дека сум во еден од најдобрите клубови во светот, изјави Мекалистер за „ESPN“.
Аргентинецот претходно призна дека е разочаран што не добил нова понуда за договор. Сепак, тој одлучи да остане во Ливерпул ова лето, и покрај интересот од други клубови.
Дваесет и седумгодишниот Мекалистер е во Ливерпул од летото 2023 година. Во овој период, играчот од средниот ред има одиграно 157 натпревари за клубот во сите натпреварувања, постигнувајќи 21 гол и исто толку асистенции.
септември 24, 2026
