Connect with us

Кошарка

НБА шампионот работи на УС опен како фоторепортер без надоместок

Кошаркарот на Њујорк Никс, Лендри Шамет (бел дрес) има интересен начин да го мине периодот од летната пауза и за време на тенискиот турнир УС опен работи како фоторепортер и тоа без надоместок. Како што пренесува „Њујорк пост“ Шамет во вторникот бил забележан меѓу акредитираните фоторепортери на мечот Бен Шелдон и Карлос Алкараз (четвртфинале).

Кошаркарот оваа година со својата екипа Њујорк ја освои титулата во НБА лигата, а со фотографирање започнал да се занимава пред пет години и ова хоби му стана сериозна страст. Шамет оваа работа ја извршувал и на последните две години на УС опен со тениската федерација на САД и тоа без финансиски надомест.

Играчот на Њујорк има договор вреден со свој тим во висина од 24 милиони долари.