Фудбал
Арсенал заинтересиран за Јилдиз од Јувентус
Тренерот на Арсенал, Микел Артета, го сака во својот тим фудбалерот од средниот ред на Јувентус, Кенан Јилдиз, објави новинарот Саша Таволиери на социјалната мрежа Икс.
Според Таволиери, „Топџиите“ планираат да дадат понуда за 21-годишниот Турчин во наредните денови. Договорот би можел да биде вреден околу 100 милиони евра.
Минатата сезона, Јилдиз одигра 47 натпревари во сите натпреварувања, постигнувајќи 11 гола и 10 асистенции.
Арсенал во новата сезона ќе ја брани шампионската титула во Премиер лигата и ќе се обиде да дојде до трофејот во Лигата на шампионите. Минатата сезона во финалето загуби од ПСЖ.
август 20, 2026
