Connect with us

Кошарка

Вестбрук ја напушта НБА лигата и се сели во Евролигата

Искусниот НБА кошаркар Расел Вестбрук постои можност својата кариера да ја продолжи надвор од НБА лигата. Според медиумите блиски на кошаркарските НБА екипи интерес за 37-годишниот играч има од Хапоел Тел Авив. Преговорите веќе биле и почнати.

Вестбрук има проблем да најде ангажман во некоја НБА екипа, откако ланската сезона ја заврши како член на Сакраменто со просек од 15 поени по натпревар.

Тој во својата кариера настапуваше во Оклахома Сити, Хјустон, Вашингтон, ЛА Лејкерс, ЛА Клиперс, Денвер и Сакраменто. Во 2017 година го доби и признанието МВП на сезоната, а воедно е лидер по бројот на „трипл-дабл“ во историјата на НБА лигата.

Евентуално негово доаѓање во Хапоел Тел Авив, би требало да го промовира во еден од најдобрите играчи во оваа лига