Connect with us

Фудбал

Алварез не тренира со Атлетико Мадрид, упорен е за трансфер

Репрезентативецот на Аргентина Хулијан Алварез ја известил управата на Атлетико Мадрид дека повеќе нема да тренира со екипата. На ваков чекор тој се реши откако вчера не успеа да разговара со тренерот Диего Симеоне.

Фудбалерот сака трансфер во Барселона и ова за првпат ова го соопшти по Светското првенство. Тој бараше разговори со претставници на клубот, но откако не се состана со нив реши да не тренира.

Во текот на денешниот ден тој заедно со еден од своите агенти пристигна во тренинг центарот, во моментите кога неговите соиграчи веќе го завршуваа тренингот.

Алварез се очекува и утре (среда) да не биде на тренинг, за кога е најавено и враќање на тренерот Диего Симеоне од одмор. Можно е во текот на утрешниот ден и да дојде до состанок на двете страни.

Самиот фудбалер изјави дека од клубот му дале ветување во февруари за трансфер во друг клуб во летниот преоден рок. На овој начин Алварез почнува постапка за конечен трансфер во Барселона