Connect with us

Фудбал

Араухо пред трансфер во Ливерпул

Премиерлигашот Ливерпул е на чекор од потпишување договор со дефанзивецот на Барселона, Роналд Араухо, јави денеска „Скај Спортс“.

Според истиот извор, Араухо денеска ќе пристигне во Ливерпул на задолжителните медицински прегледи по што се очекува да остане на „Енфилд“ како позајмен фудбалер до крајот на сезоната.

Ливерпул ќе може да ја активира откупната клаузула во неговиот договор со Барселона од 55 милиони евра.

Дваесетиседумгодишниот Уругваец во 2018 година му се приклучи на Б тимот на Барселона, а веќе следната година беше промовиран во сениорскиот тим на каталонскиот гигант.