Хроника
Стружанец осомничен за бесправна сеча на дрвја при што загинал и работник, ќе одговара за две кривични дела
ОВР Струга поднесе кривична пријава против С.М.(53) од струшкото село Мислодежда, осомничен за кривични дела „пустошење шуми“ и „непреземање мерки за заштита при работа“.
Како што соопшти денеска Министерството за внатрешни работи, без претходно добиено одобрение за сеча и спротивно на прописите од Законот за шуми, тој на 20 април 2026 на туѓ недвижен имот во месноста Лениште, во атар на селото Мислодежда, без работен договор ангажирал работници и неовластено исекол 107 стебла буково дрво и три стебла габер или вкупно 31,9 кубни метри огревна дрвна маса.
-За време на сечата, работник од Скопје, Р.Д.(46), бил удрен од дрво по што починал во Општата болница во Струга. На местото на несреќата увид извршиле ОЈО Струга во содејство со полициски екипи, Државен трудов инспекторат, Државен инспекторат за шумарство и Шумска полиција, се наведува во полицискиот билтен.
август 6, 2026
