Connect with us

Хроника

Тешко повредена 19-годишна кавадарчанка откако возилото излетало од патот

Кавадарчанка се здобила со тешки телесни повреди откако возило излетало од патот Кавадарци – Неготино, соопштија денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес.

– Синоќа во ОВР – Неготино, било пријавено дека околу 19:40 часот на регионален пат Кавадарци – Неготино, поточно кај местото викано „Антените“, патничко возило „фолксваген голф“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од 19-годишната А.К. од Кавадарци, изгубило контрола и излетало надвор од патот. Во несреќата, со тешки телесни повреди се здобила А.К., констатирани во Општа болница – Кавадарци – информираа од СВР – Велес.

За настанот бил известен јавен обвинител, а увид извршила увидна екипа од ОВР – Неготино.