Хроника
Лишено од слобода едно лице при претрес во Гостиварско, пронајдени дрога и муниција
Полициски службеници денеска лишиле од слобода едно лице при претрес во Гостиварско откога кај него се пронајдени дрога и муниција – соопшти Министерството за внатрешни работи.
– Денеска, во 7.30 часот, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишија од слобода Д. С.(58) од с. Равен, Гостиварско, поради основано сомнение за сторено кривично дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори. При претрес во неговиот дом и помошните простории, извршен врз основа на судска наредба, биле пронајдени и одземени бела прашеста материја, марихуана и куршуми за пиштол – посочуваат од Министерството.
Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава.
август 1, 2026
