Хроника
Приведено 18-годишно момче, му пронашле пиштол и рамка
Во 19:50 часот синоќа на улицата „Димитар Влахов“ во градот, полициски службеници од СВР – Скопје го лишија од слобода Е.Ј., 18-годишен скопјанец, затоа што кај него бил пронајден и одземен пиштол „Валтер“, како и рамка, соопштија попладнево од Министерството за внатрешни работи.
Оттаму додадоа дека по целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава
јули 29, 2026
