Connect with us

Хроника

Лишени од слобода осум лица за поседување дрога

Осум лица кај кои полицијата пронашла дрога се лишени од слобода на територијата на целата држава во текот на изминатото деноноќие.

– На 25/26.07.2026 во Скопје на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода Ј.Ч.(47), А.Б.(19), Ф.Р.(27), Н.К.(19), М.О.(26), сите од Скопје, В.М.(35) од с.Морани, скопско, затоа што кај нив биле пронајдени и одземени кафеава прашкаста материја, прашкаста материја и марихуана. На 26.07.2026 во 01:45 часот во с. Камењане, тетовско, полициски службеници од Полициското одделение Камењане ги лишија од слобода Б.И.(21) и О.М (18), двајцата од Тетово, затоа што кај нив била пронајдена бела прашкаста материја и марихуана. Тие биле задржани во полициска станица – информира Министерството за внатрешни работи. 

По целосно документирање на случаите, МВР најавува дека против нив ќе следуваат соодветни поднесоци.