Connect with us

Општини

Во Кочани коњички марш во чест на Илинден

Во организација на Здружението „Кочанска коњаница – Осоговски Елит“, а во соработка со Битолската коњаница „Галоп“, денеска во Кочани  се одржа културно-историската манифестација „Илинденски коњанички собир“ – Кочани 2026.

Свечениот коњички марш започна утрината од источната страна кај Градскиот стадион „Никола Мантов“,  продолжи низ Стришани и се упати кон  Алејата на ангелите во Градските гробишта во Кочани, каде  што коњаниците  положија цвеќе за загинатите во „Пулс“. Потоа маршот на илинденската коњаница продолжи кон Паркот на Револуцијата, каде што  се одржи пригодна културно-уметничка програма, со настап на Оркестарот на изворна музика и на ФА „Мугри”.

Коњичкиот марш  го реализираа десетина учесници од кочанската и битолската коњаница, чија маршрута ќе заврши во Крушево, на Мечкин Камен.

Настанот се реализираше со поддршка од Општина Кочани. Целта е да се негува македонската традиција, да се оддаде почит на илинденците и да го промовира Кочани како град што ги почитува својата историја, култура и национални вредности.