Connect with us

Општини

На ГП “Дојран” за излез кон Грција се чека до 30 минути, на грчка страна до еден час, на „Богородица“ од земјава излегле близу 22.000 патници

Викенд метеж на граничниот премин “Дојран” е евидентиран денеска уште од раните утрински часови, потврдуваат одговорните од преминот, а за зголемена фреквенција на возила на истата граница за излез кон Грција, информираат и од Авто мото сојузот на Македонија.

Од АМСМ велат дека времето на чекање за излез од државата е околу 30 минути. На граничниот премин, за МИА потврдија дека колони од возила има од утрото, а сега полека метежот се намалува.

– Имавме неколкукилометарска колона, која сега е намалена. На македонска страна се чека од 20 до 30 минути, но на грчка страна застојот е двојно поголем. Најголема бројка на возила имаме во раните утрински часови, а истото го очекуваме и по 18 часот кога луѓето обично се враќаат. Од досегашното искуство вакви гужви имаме за време на викендите, особено во неделите, и на рамните дати – 20 јули, 30 јули, 10 август, а секако има и за 1 август. Тогаш се прават смени во аранжманите и затоа овие дати се критични, велат од ГП “Дојран”.


Според податоците од Министерството за внатрешни работи, зголемена фреквенција е забележана и на ГП “Богородица” каде од вчера до денес на пладне излез од државата оствариле 6100 македонски државјани, а влегле 2022 македонски државјани. Во истиот период бројката на странски државјани кои ја напуштиле Македонија изнесува 15 871 лице, а влегле 7878 патници.

На ГП Табановце, како што информираат од МВР од вчера до денес на пладне влегле 17 448 странски државјани, а државата ја напуштиле 14 872 лица, додека македонски државјани евидентирани на влез во државата се 9958, а на излез 3174.

-Од страна на МВР во функција се ставени сите човечки и технички капацитети за да се забрза протокот на патници, согласно задолжитенжлните гранични проверки, велат надлежните.

Освен на дојранскиот граничен премин и на ГП “Табановце” каде времето на чекање за влез во државата, според информацијата од АМСМ, е околу 20 минути, на останатите гранични премини од македонска страна не се забележани подолги задржувања за влез и излез од државата. 

Ad
Ad