Општини
Димитриевски за Тетово: Секоја одлука за преименување улици спротивна на законот е ништовна
Претседателот на Движење ЗНАМ за наша Македонија, Максим Димитриевски од Тетово со порака политичките субјекти да ги почитуваат законите и уставните норми, во однос на прашањето и процесот за преименување на улици кој го води Општина Тетово. На новинарско прашање каков став има партијата со оглед на учеството во Владата, тој посочи дека Движење ЗНАМ се темели на АСНОМ и е против на секој спротивен процес.
-Нашиот став од првиот момент е јасен, ЗНАМ и основните вредности на ЗНАМ како политичка партија се темели на Крушевскиот манифест и АСНОМ-ските заложби и заклучоци и секако дека ние сме против вакви појави. Впрочем, редефинирањето на улиците и изградба на спомен обележја во Македонија е дефинирано со закон. Секој еден којшто го прекршува закони ќе донесе незаконски акт истиот е ништовен. Без разлика дали мнозинството во советот и е за или против сепак си постои законска постапка којашто е предвидена и сите одлуки коишто ќе бидат донесени на советот на општината доколку се во спротивност со уставот и законот се ништовни, истакна Димитриевски од Тетово.
Движење ЗНАМ за наша Македонија денес на пладне во Тетово почна со одржување на панел-дискусија насловна „Европска ЗНАМ, европска иднина, европска Македонија“ со цел да пред членството и симпатизерите да се даде отчет за сработеното и плановите за иднина. Димитриевски во изјава за медиумите рече дека по реконструкцијата на Владата, Движење ЗНАМ презема дополнително одговорност во делот на ресорот на земјоделие.
-Вчера нашиот министер ја посети Шара, разговараше со дел од сточарите, а денес ние сакаме да слушнеме од граѓаните и позитивни, но секако и негативни критики во дел да настојуваме да останеме на тоа за што се залагаме во предизборието дека ЗНАМ ќе биде партнер во власта, но дополнително и браник и заштитник на државните и националните интереси и секако активно се вклучува во реформскиот процес на државата. Факт е дека беше затечена една многу лоша состојба, финансиски, економски и социјален момент и ние секако со нашите владини партнери активно работиме на решавање на проблемите се со цел граѓаните на Македонија да почувствуваат подобри услови за секојдневно функционирање и живеење, рече Димитриевски.
Национален караван на панел-дискусии под мотото „Европска ЗНАМ, европска иднина, европска Македонија“ партијата го почна на 27 јуни 2026 во Скопје, па продолжи во Куманово, Штип, Битола, Охрид, а следниот викенд ќе продолжи во Прилеп.
јули 20, 2026


