Формула 1
Ф1: Антонели победи на спринтот во Силверстон
Лидерот во Формула 1, Италијанецот Кими Антонели (Мерцедес) победи на денешната спринтерска трка за Големата награда на Велика Британија, на патеката во Силверстон.
Младиот 19-годишен Антонели го престигна домашниот фаворит Луис Хамилтон (Ферари) во осмиот од вкупно 17. круга и ја мина целната линија со предност од 2,7 секунди.
Актуелниот светски шампион, Британецот Ландо Норис (Мекларен) беше трет, додека неговиот сонародник Џорџ Расел (Мерцедес) го освои четвртото место.
Со оваа победа, Антонели ја зголеми својата предност во генералниот пласман пред второпласираниот Расел на 43 бодови. Антонели сега има 179, а Расел 136 бодови. Хамилтон е трет со 132 бодови.
Квалификациите за трката в недела ќе стартуваат во 17 часот.
јули 5, 2026

