Connect with us

Формула 1

Ф1: Хамилтон најбрз на тренингот пред ГН на Велика Британија

Возачот на Ферари, Луис Хамилтон, оствари најбрзо време на денешниот слободен тренинг пред трката во Формула 1 за Големата награда на Велика Британија.

Хамилтон ја заврши единствената тренинг сесија за 1:29.260 минути и за 0,213 секунди беше побрз од лидерот во генералниот пласман Кими Антонели, а 0,599 секунди од клупскиот колега Шарл Леклер.

Вториот возач на Мерцедес, Џорџ Расел, оствари четврто најбрзо време, а до десетто место завршија Оскар Пјастри, Макс Верстапен, Ландо Норис, Исак Хајар, Нико Хулкенберг и Лијам Лосон.

Трката за Големата награда на Велика Британија стартува в недела од 16:00 часот.

Ad
Ad