Формула 1
Расел: Неверојатно е чувството да се вратиш на врвот
Возачот на Мерцедес, Џорџ Расел, ги сподели своите впечатоци по денешната победа на трката за Големата награда на Австрија.
Дваесет и осумгодишниот Британец ја освои главната трка по втор пат оваа сезона. Претходно тој победи и на Големата награда на Австралија на почетокот на март.
Макс Верстапен од Ред Бул заврши втор во Австрија, додека колегата на Расел, Андреа Кими Антонели, заврши трет.
– Неверојатно е да се вратиш на врвот. Помина доста време, па дефинитивно ќе уживам во моментот вечерва. Тимот и јас работевме неверојатно напорно за да се вратиме во ритам. Очигледно имавме тежок период од сезоната. Макс и Ред Бул беа неверојатно брзи овој викенд, па секоја чест за нив. Морав да бидам целосно фокусиран во секој круг бидејќи знаев колку се брзи момците зад мене. Кими беше неверојатно конкурентен оваа сезона – го гледав времето во секој круг, изјави Британецот за „Скај Спортс“.
Антонели останува лидер во шампионатот во Формула 1 со 171 поен. Расел, со 131 поен, го истисна Хамилтон (125) од второто на третото место.
јуни 29, 2026

