Формула 1
МотоГП: Бањаја од следната сезона во Априлија
Двократниот светски првак во Мото ГП, Италијанецот Франческо Бањаиа, ќе вози за Априлија од следната сезона, потпишувајќи четиригодишен договор, објави италијанскиот тим.
Клупски колега на Бањаја во Априлија ќе му биде неговиот сонародник Марко Безеки, кој во моментов е лидер сезонава во генералниот пласман во Мото ГП.
Бањаја ја освои светската титула во 2022 и 2023 година со Дукати, забележувајќи вкупно 31 победа и 63 подиуми.
Неговото место во Дукати ќе го наследи Шпанецот Педро Акоста, кој сега вози за австрискиот КТМ.



