Формула 1
Ф1: Антонели ќе стартува од полпозицијата во Силверстон
Лидерот во генералниот пласман, Италијанецот Кими Антонели (Мерцедес), беше најбрз во денешните квалификации за Големата награда на Велика Британија во Силверстоун, а заедно од првиот ред до него ќе стартува Шарл Леклер од Ферари.
Откако претходно денеска победи во спринт трката, оставајќи го зад себе Луис Хамилтон (Ферари), Антонели овој пат беше за 0,175 секунди побрз од Леклер во квалификациите со време од 1:28,111.
Хамилтон имаше трето најбрзо време и до него од вториот ред ќе стартува сонародникот Џорџ Расел (Мерцедес).
Антонели води во генералниот со 179 поени, пред Расел и Хамилтон.
Трката на патеката во Силверстон е закажана за в недела, со почеток во 16 часот.
јули 5, 2026


