Connect with us

Ракомет

Чаневски се врати во Бутел

Искусниот голман Градимир Чаневски по четири сезони одново ќе го брани голот на РК Бутел Скопје, каде што мина една година. 

– Бутел Скопје и во новата сезона ќе продолжи со македонскиот концепт и со ангажман на домашни ракометари, а Чаневски е првото засилување за составот на новиот наш тренер Стојанче Стоилов, објавија од РК Бутел.

Чаневски е искусен голман, кој треба да донесе сигурност меѓу стативите, а потекнува од школата на Металург каде остана до 2010 година. Играше и во Вардар до 2014 година, па во Вардар Јуниор две сезони, потоа се пресели во Битола, каде беше дел од Еурофарм Пелистер пет сезони. Следуваше една сезона во Бутел Скопје, потоа и првото интернационално искуство во Израел, каде стана шампион со Макаби Ришон Ле Зион, а македонскиот голман беше избран и за најдобар на таа позиција во лигата за сезоната 2023/24.

Последните две сезони ги мина на голот на Охрид, а ова лето прави камбек во Бутел Скопје, кој во новата сезона освен на домашна сцена, ќе игра и на меѓународна сцена во ЕХФ Европскиот Куп.

Ad
Ad