Connect with us

Ракомет

РК Вардар во четвртиот „шешир“ во извлекувањето на групите од Лигата на шампионите

Ракометарите на македонскиот првак Вардар по неколку сезони повторно ќе бидат дел од најквалитетното натпреварување Лигата на шампионите. „Црвено-црните“ се сместени во четвртиот „шешир“ заедно со екипите на Архус, Цеље, Партизан, Криенс и Кристијанштад. Тоа значи дека ниту една од овие екипи не може да им биде ривал во групната фаза.

Според новиот формат 24-те екипи ќе бидат поделени во шест групи по четири екипи.

Во првиот „шешир“ се наоѓаат првите фаворити: Алборг, Барселона (европски првак), Нант, Магдебург, Веспрем и Спортинг.

Во вториот „шешир“ се: Монпеље, ПСЖ, Берлин, Мелсунген, ПИК Сегед и Киелце.

Третиот „шешир“ го сочинуваат: Загреб, ГОГ Гудме, Колштад, Висла, Порто и Динамо Букурешт.

Извлекувањето ќе се одржи во седиштето на ЕХФ во Виена.

Ad
Ad